Крива Паланка славеше во мајсторката со Вардар

Крива Паланка е тимот што ќе го предизвика Бадел во големото финале од плејофот во женскиот шампионат откако оваа екипа славеше во мајсторката против Вардар со убедливи 79-59.

Првите два меча од оваа серија завршија со триумф на гостинските екипи, но вечерва Крива Паланка максимално ја искористи предноста што ја донесе домашниот терен. Првата четвртина беше максимално израмнета (19-18), а домаќинките почнаа да се одлепуваат во вториот период, на одмор заминувајќи со 33-27.

Клучната разлика беше направена во третиот период во кој Крива Паланка поведе со 58-44, по што рутински ја задржа предноста до самиот крај.

Робинсон одигра уште еден одличен меч за Крива Паланка реализирајќи 36 поени, Грин имаше 18 поени и 10 асистенции за победничкиот тим, додека Николиќ имаше дабл-дабл за Вардар од 14 поени и 17 скокови, сепак недоволни за успех и пласман во големото финале.

Се вчитува...