Крос донесе одлука: Или Реал Мадрид, или пензија

Еден од најдобрите фудбалери од средниот ред Тони Крос веќе донесе одлука за својата иднина. Не така одамна германскиот фудбалер се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, меѓутоа на крајот од тоа не излезе ништо, а неговиот соиграч Касемиро замина на „Олд Трафорд“.

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез сака да го осигура до 2024 година. Имаше шпекулации дека Крос после сезонава ќе замине во пензија.

Крос има одлични релации со раководството на Реал Мадрид, и неговиот план е да замине во пензија како играч на Реал.

Перез планира да му предложи да потпише нов договор за сезоната 2023/2024, во кој ќе биде и иднината на Германецот. Доколку двете страни се договорат за овој договор, тогаш Крос ќе игра до 2024 година, а доколку не успеат да најдат заеднички јазик, тогаш на крајот на оваа сезона Германецот оди во пензија.

Крос веќе се пензионираше од репрезентацијата после ЕП минатата година.

Се вчитува...