Крос: Супер-лигата ќе се случи, но не знам точно кога

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид и еден од најтрофејните играчи на денешницата Тони Крос, верува дека идејата за формирање на Супер-лигата и натаму постои, и дека во иднина ќе се оствари. Супер-лигата е проект кој траеше само два дена, а пропадна поради реакцијата на навивачите и клубовите.

Прв службено се откажа Мачестер Сити, а тоа предизвика домино ефект меѓу клубовите, па така се повлекоа и Арсенал, Челси, Ливерпул, Јунајтед и Тотенхем. Останатите клубови заговорници на оваа идеја беа Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер и Милан.

Овој концепт и натаму се споменува, а германскиот фудбалер е убеден дека еден ден ќе се случи.

„Очигледно дека идејата и натаму постои. Ќе биде потребно време да се подготвиме за Супер-лигата која јас веројатно нема да ја видам како активен играч. Но, Супер-лигата ќе се случи. Не знам кога, но ќе се случи“, рече Крос. 

Се вчитува...