Крос зголеми на 2-0: Барса ја има топката, Реал дава голови

Барселона има повеќе од поседот на топката, каталонците подолго време минуваат на противничката половина, но тоа ништо не им значи кога Реал Мадрид е тимот што по неполни 30 минути игра има предност од 2-0 на големото дерби.

По велемајсторскиот гол на Бензема за 1-0, Германецот Тони Крос е стрелец на вториот погодок за „кралевите“ на овој суперзначаен натпревар. Реал доби слободен удар на дваесетина метри од голот на противникот, Крос шутираше силно, топката го закачи Дест и заврши зад грбот на Тер Штеген.

Зидан ја добива оваа тактичка борба со Роналд Куман, а Реал е на добар пат да ја прекине серијата на Барса од 19 натпревари без пораз во Ла Лига.

Се вчитува...