Легендарниот поранешен германски репрезентативец Тони Крос е најновиот од низата легенди на Германија кои ја критикуваат катастрофалната игра на Бундестимот и драматичната елиминација од Парагвај по изведувањето на пенали во осминафиналето на Светското првенство во 2026 година.
Екс играчот на Реал Мадрид смета дека Германија во моментов нема играч од светска класа кој може да направи разлика.
„Во моментов немаме ниту еден играч од светска класа. Имаме играчи со потенцијал од светска класа, но тоа не значи дека се од светска класа. Играчи од светска класа во моментов го одлучуваат исходот од секој натпревар од Светското првенство – и се предводници на најдобрите стрелци. Немаме ниту еден таму, да бидеме искрени за тоа.“, изјави Крос и додаде:
„Кога имавме успешни турнири, секогаш имав чувство дека можеме да одиме во повисока брзина. Овој тим во моментов повеќе не е способен за тоа. Само мислиме дека сме подобри од Парагвај – и дека некако ќе победиме“, рече Крос во подкастот што го води со својот брат Феликс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
