Младен Крстајиќ повеќе нема да биде селектор на Бугарија откако Фудбалската федерација на нашиот источен сосед реши да го раскине договорот со српскиот стратег, што беше со важност до јуни 2024 година.
Не само што Бугарите не успеаја да се пласираат на ЕВРО 2024, туку одиграа катастрофално во голем дел од овие квалификации, што беше причина јавноста да го крене гласот против селекторот. Клучен се покажа поразот на домашен терен од Литванија, Србинот и по тој неуспех јасно стави до знаење дека нема намера самиот да се повлече, префрлајќи ја топката врз челниците на федерацијата.
На последниот состанок во бугарската куќа на фудбалот била донесена одлука да биде раскинат договорот со Крстајиќ, при што е договорената и отштетта што тој ќе ја добие за предвремениот прекин на соработката.
Името на новиот селектор се уште не се обелоденува во јавноста, но се најавува дека тоа сигурно ќе биде домашен стратег, откако експериментот со странец се покажал крајно неуспешен за Бугарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА