Крсте Велковски со гол ја затвори сезоната за Сараево

Крсте Велковски се запиша во листата на стрелците за Сараево во победата над Радник Бјелина од 3-0. Македонскиот интернационалец беше стрелец на третиот гол на неговиот состав во 69. минута од пенал.

И покрај победата Сараево сезонава мора да се задоволи само со второто место во првенството на Босна и Херцеговина каде нов шампион е Борац Бања Лука.

 

 

Се вчитува...