„Крвавите“ очи на Харден во победата на Голден Стејт, се разбуди Милвоки (ВИДЕО)

Џејмс Харден и со повреда на окото беше прв стрелец кај Хјустон кој го загуби и вториот натпревар од полуфиналната серија во Западната конференција со Голден Стејт. Актуелниот шампион славеше со 115-109 и поведе о 2-0 во победи во полуфиналето кое за следните две средби се сели во Тексас.

Харден доби повреда на окото во текот на првото полувреме, се врати на теренот, но беше очигледно дека има болки. Tој и покрај се постига 29 поени. И покрај двоцифрената негатива во третата четвртина, Хјустон до крајот беше во игра за победа, но не успеа да направи комплетен пресврт.

Кај Голден Стејт, почетната петорка имаше одлично распределен број поени, Дурант постигна 29 поени, Томпсон 21, Кари 20, Игудала 16, а Грин 15 поени. Третиот натпревар, во Хјустон  е претстојниот викенд.

Милвоки не дозволи нова грешка пред неговите навивачи, го доби убедливо вториот натпревар од полуфиналната серија на Исток со Филаделфија со 123-102 и израмни на 1-1 во пресрет на преселбата на битката „подобар од седум“ на теренот на противникот.

Клучна за тирумфот беше третата четвртина која Милвоки ја доби со високи 39-18 и направи дистанца која потоа до крајот рутниски ја одржуваше.

Јанис Адетокумбо натпреварот го заврши со 29 поени и 10 скока. Кајри Ирвинг одигра слаб натпревар, постигна само девет поени. Прв стрелец кај Филаделфија беше Маркус Морис со 17 поени.

 

 

 

 

Се вчитува...