Крвта не е вода – Внукот на Мухамед Али нокаутира како својот дедо (ВИДЕО)

Внукот на легендарниот Мохамед Али, Нико Али Волш на импресивен начин дебитираше во професионалниот бокс. Тој славеше со технички нокаут во првата рунда од мечот против Џордан Виксон, поранешниот ММА борец.

Нико е роден во Чикаго, но живее во Лас Вегас од четврттата година. Во почетокот боксот не му бил прва цел во животот, а неговата мајка Рашида (ќерката од вториот брак на Али), исто така се противела тој да тргне по стапките на неговиот дедо.

Меѓутоа кога наполнил 14 години, Нико го засакал боксот и почнал професионално да тренира.

 

Се вчитува...