Кукоч откри што му било најтешко по доаѓањето во НБА, и кој му помогнал најмногу

Легендата на хрватската кошарка, Тони Кукоч зборувајќи на официјалниот НБА твитер профил пред многубројните фанови откри што за него било најтешко по пристигнувањето од Европа.

„Кога почнав да играм кошарка ние немавме можност да ги гледаме преносите од НБА натпреварите, па купувавме касети со Лери Бирд, Меџик Џонсон, Мајкл Џордан кој тогаш ја почнуваше кариерата. Ги гледавме постојано, и учевме од нивните потези. Ако добро се сеќавам прв натпревари кој го гледав во живо на пренос беше Детроит – Портланд, а потоа и Детриот – ЛА Лејкерс. Откако Чикаго ме одбра на драфтот, почнав да ги гледам и нив, да ги следам кошаркарите на Чикаго, ги гледав потоа сите натпреварите очекувајќи еден ден да заиграм заедно со нив“ – вели Кукоч.

А, потоа следеше трансферот во Чикаго булс…

„Кога пристигнав во Чикаго беше драматично и тажно, затоа што Мајкл го загуби таткото и одлучи да замине. Првиот ден веќе се поврзав со неколку кошаркари, разговаравме за иднината без Мајкл. Искрено, Скоти Пипен најмногу ми помогна, посебно во првите две сезони. Но, тука беа и Пексон, Армстронг, Грант, беше забавно да се игра со нив. И тренерот Фил Џексон брзо почна да ми верува, па уште во првата сезона ми даде неколку шутеви со звукот на сирената. Веројатно имаше чувство дека можам да помогнам. На моја среќа, и ги погодував. Тоа ми донесе самодоверба. Како европеец многу ми беше тешко да ја разберам индијанската култура, НБА беше тешка за навикнување но успеав брзо да се вклопам“ – вели Кукоч.

Се вчитува...