Кукоч: Плачев поради Мајкл Џордан

Тони Кукоч беше еден од најдобрите кошаркари на Чикаго Булс во деведесетите години на минатиот век како член на легендарната генерација на клубот.

„Денот кога стигнав во Чикаго беше објавено дека Џордан ја напушта кошарката. Беше заситен, а чашата ја прели смртта на неговиот татко. Дојдов во соблекувалната каде сите плачеа. По некое време и мене ме фати тага и почнав да плачам буквално како мало дете. Кога замина добив шанса да играм на својата позиција, но се се промени со неговото враќање, Џексон ме пушташе да играм буквално на секоја позиција, а ние станавме шампиони.

Кукоч живее во Чикаго каде во моментот работи како еден од советниците на сопственикот на Булс.

Се вчитува...