Кукоч со жестоки критики за „Последниот танц“ – продуцентите му одговорија да се стрпи до последната епизода

Легендата на хрватската кошарка, Тони Кукоч жестоко ги критикуваше авторите на „Последниот танц“, документарниот филм за Чикаго булс и нивната златна генерација.

Кукоч не е револтиран затоа што тој е минимализиран во документарецот, но затоа што низ досегашните епизоди постојано се омаловажува Џери Краус, менаџерот кој, иако контроверзен, всушност е творецот на тој успешен Чикаго булс.

„Луѓето кои никогаш не биле со него таму сега се дрзнуваат дека ‘Егото на Краус стоело на патот на уште поголеми успеси, и тој ја уништил династијата’. Не само што не го почитуваат, туку и срамно го газат. Секако дека тоа ме погодува. Посебно и затоа што Џери не е меѓу живите. Не дека коментирам затоа што не може да се брани, туку затоа и што нема зошто да се брани. Тој беше генерален менаџер на шесткратен НБА шампион. Ајде наведете ми уште пет лица што може да се пофалат со тоа, во било кој спорт“ – вели револтираниот Кукоч.

Но, на критиките од Кукоч одговори Нина Крстиќ, Србинка која е продуцент на серијалот. Најави навистина трогателни сцени за Краус во последната, 10-епизода, кои ќе кажат се за него.

„Реакцијата на Тони е согласно неговото искуство, што е сосема чесно. Но, ние во филмот мора да прикажеме што е можно повеќе размислувања од различни луѓе. Не постои една исправна точка на гледање. Ќе кажам само едно, а тоа е да бидат трпеливи до крајот, додека не се одгледаат сите 10 епизоди. Краус има свои моменти на крајот. Дадовме се од себе да ги најдеме сите интервјуа на Краус, сакавме да го прикажеме со негов глас онака како што заслужува. Една година копавме по архивите и пронајдовме повеќе од 20 часа интервјуа со него. Секако, околу него мораше да им дадеме збор и на Џордан и Пипен. И, тие кажаа што имаа да кажат“ – вели Крстиќ.

Се вчитува...