Кулибали е невиден малер – подари гол на Парма и се повреди (видео)

Ерата на Џенаро Гатузо во Наполи почна со катастрофална грешка на Калиду Кулибали, кој му подари гол на Даниел Кулушевски за водство на Парма на „Сан Паоло“.

Сенегалскиот дефанзивец, кој сезонава игра далеку под своето ниво, ја промаши топката во обид да ја врати кон голманот Мерет, по што Кулушевски истрча триестеина метри пред да ја затресе мрежата на домаќините.

За трагедијата на „наполитанците“ да биде уште поголема, Кулибали во обидот да се врати назад го повреди мускулот, па мораше веднаш да биде заменет.

Се вчитува...