Култниот СРЦ „Кале“ од денеска станува кошаркарски храм

Култната сала во рамките на СРЦ „Кале“, отсекогаш главно синоним за ракометниот спорт, од денеска и официјално ќе биде храм на кошарката во Македонија.

Добро препознатливото „Кале“ во кое Кометал Ѓорче Петров во 2002 година ја прослави европската шампионска титула, салата која беше во првите две децении од независноста препознатлива за настапите на македонските ракометни селекции во иднина треба да биде централен македонски кошаркарски храм оставен за развој на најмладите категории.

Правото за стопанисување со СРЦ „Кале“ од денеска ќе биде префрлено на Кошаркарската федерација на Македонија, а сето тоа треба официјално треба да биде соопштено на веќе најавената прес-конференција на КФСМ.

„Кале“, според најавите, го очекува реновирање како би бил дом на сите национални кошаркарски селекции.

Се вчитува...