Куман ги казни Пјаниќ и Дембеле: „На тренинг ќе учите шутирање пенали“

Миралем Пјаниќ во Купот на кралот против Корнела промаши пенал откако неговиот удар беше одлично одбранет од противничкиот голман, па ова доведе до уште едно разочарување кај фановите. Тренерот Куман кој повеќе нема трпение, одлучил да му изрече казна на босанскиот репрезентативец.

Миралем очигледно нема среќа, но и не може да ја пронајде својата препознатлива форма, онаа од Јувентус.

„Секој играч може да промаши пенал, но да промаши седум од 12 е премногу. Прв изведувач на пенали е Меси, но ако не е на теренот, тогаш другите играчи треба да преземат одговорност”, рече Куман.

Во последно време, пеналот не е силната страна на играчите на Барселона, што негативно го изненади Куман, па тој ги „казни“ Пјаниќ и неговите соиграчи со шутирање пенали на два последователни тренинга.

Оние кои ја презедоа одговорноста за изведување на пеналите беа Пјаниќ и Дембеле, поради нивните промашувања, тие два дена вежбале „шутирање“ на пенали.

„Вчера и денес трениравме изведување на пенали за да ја поправиме оваа наша слабост“, додаде холандскиот стручњак.

Се вчитува...