Куман: Холандскиот фудбал не е толку лош…

Роналд Куман е свесен за големината на предизвикот, но и подготвен да одговори на истиот за враќање на холандскиот фудбал во самата елита, откако долгогодишниот репрезентативец денеска и официјално беше промовиран во нов селектор на „лалињата“. Оваа репрезентација се наоѓа во огромна криза, откако не се пласираше ниту на ЕП 2016 ниту пак на СП 2018, но Куман со оптимизам гледа на претстојните квалификации за европскиот шампионат во 2020 година.

„За секој тренер е голема чест да биде селектор во својата желба, а јас не сум исклучок. Предизвикот е сосема поинаков од оној во клупскиот фудбал, но верувам дека ќе одговориме на она што се бара од нас. Наспроти песимизмот поради слабите резултати во последно време, јас верувам дека холандскиот фудбал не е толку лош. Ќе го покажеме тоа во следниот период“ – оптимистички е расположен новиот селектор на „лалињата“.

Се вчитува...