Куман ја напушта Барса – Седум кандидати за негов наследник

Роналд Куман ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната откако по се изгледа нема да успее да ја освои титулата во шпанската Ла лига. По ремито со Леванте (3-3) и победата на Атлетико Мадрид над Реал Сосиедад, шансите за освојување на трофејот за Каталонците се сведени на минимум.

Претседателот на клубот, Жоан Лапорта има список од седум имиња за можен наследник на Холанѓанецот. На листата се наоѓаат Чави, Џорди Кројф, Јирген Клоп, Марсело Галјардо, Гарсија Пимиента, а најголеми изненадувања се Габриел Милито и Тиери Анри.

Лоша вест за Лапорта е што Чави, кој до неодамна важеше за голем фаворит, вчера потпиша нов двогодишен договор во Катар со Ал Сад, но претседателот на Барселона е оптимист дека ќе успее да го убеди поранешниот капитен да се врати назад на „Камп Ноу“.

Прва цел за Лапорта е потпис на нов договор со Лионел Меси на кој актуелниот му истекува на крајот на сезоната, а потоа и барање на нов тренер кој ќе го врати тимот на шампионските патишта…

Се вчитува...