Куман ја „преживеа“ првата средба со Лапорта

Роналд Куман е чекор поблиску до останување на кормилото на Барселона, откако холандскиот стратег го „преживеа“ денешниот прв состанок што го имаше со претседателот Лапорта. Куман пристигна во клупските простории во друштво на својот адвокат, по што се чинеше дека тој ќе добие отказ, по што ќе следат преговори околу сумата што треба да му биде исплатена за предвремениот прекин на соработката.

Сепак, Холанѓанецот успеал да ја пренесе својата визија за наредната сезона на првиот човек на клубот, за која има поддршка и од неколку директори во бордот на Барса. Лапорта се уште нема донесено конечна одлука, но откако денеска реши да продолжи да разговара со Куман се очекува тој во текот на летово да му даде поддршка на Холанѓанецот и да го задржи до истекот на договорот, до јуни 2022 година.

Во тој правец, Лапорта денеска успешно ги финализираше преговорите со Вајналдум, кој е голема желба на тренерот на Барселона, а во завршна фаза се и разговорите со уште еден холандски репрезентативец, Мемфис Депај од Лион, кој исто како и Вајналдум би пристигнал како слободен играч, без ниту едно евро отштетаа.

Се вчитува...