„Куман не ми даде ништо, во моментов баш ми е гајле за ситуацијата во Барса“

Поранешниот фудбалер на Барселона Жерар Делофеу говореше за ситуацијата во каталонскиот тим и назначувањето на Роналд Куман за нов тренер. Холанѓанецот го водеше Евертон во сезоната 2016/2017 време во кое Делофеу беше дел од „карамелите“.

„Куман апсолутно ништо не ми обезбеди. Не бев среќен. Барав да си одам и заминав во Милан. Ќе видиме како ќе биде во Барса. Немам што да ви кажам во врска со него. А за Барселона, ситуацијата таму воопшто не ме интересира. Баш ми е гајле што се случува во Барселона“, изјави Делофеу. 

Делофеу потекнува од младинската школа на Барса. Тој во клубот беше до 2015 година од каде замина во Евертон, а во Каталонија се врати уште еднаш во сезоната 2017/2018. Во моментов ги брани боите на англискиот Вотфорд.

Се вчитува...