Куман: Некој да ни понудеше вакво нешто во август, веднаш ќе прифатевме…

Барселона пред околу еден месец за момент се наоѓаше и во пол-позиција во трката за титулата, но шокантниот домашен терен од Гранада значеше и почеток на кошмарот за Роналд Куман и неговите избраници. По серијата порази каталонскиот гигант ја заврши сезоната на третото место со седум бода заостанување зад новиот првак Атлетико Мадрид, резултат што според Куман е позитивен за овој клуб.

Холандскиот стратег потсети дека Барса минатото лето направи мини-ремонт во играчкиот кадар, потенцирајќи дека тимот што тој почна да го гради мора да мине низ природен процес на раст и искуство.

„Секогаш сакаме повеќе, тоа е спортски, но она што го остваривме сезонава е добар резултат. Ако некој во август ни понудеше да освоиме еден трофеј, а до финишот на сезоната да се бориме за уште еден, без размислување ќе прифатевме. Не може да очекувате двојна круна од тим што сте почнале да го формирате пред помалку од една година, тоа едноставно не е нормално“, изјави Куман.

Без оглед на ваквите коментари на Холаѓанецот, јасно е дека претседателот Лапорта не е најзадоволен од неговата работа и планира тренерска смена, при што главен фаворит за нов стратег е Чави.

Се вчитува...