Куман: Никој не сака да ја гледа Барселона како против Баерн, би сакал Меси да остане до крајот на кариерата

Холандскиот стратег Роналд Куман потпиша двегодишен договор со Барселона, а претседателот Жозеп Мариа Бартомеу го презентираше пред јавноста. Во специфичен момент, по еден огромен пораз од Баерн Минхен, нормално, Куман потенцираше дека никој не сака да го гледа каталонскиот гигант така инфериорен.

„Никој не сака да ја гледа Барселона во издание како против Баерн Минхен. Тука сум за да работам напорно и да размислувам позитивно. Не очекуваат многу одлуки, а се надевам дека Лионел Меси ќе остане до крајот на кариерата. Сите фудбалери се важни, но Меси е капитен и секако е посебен и според способностите и според авторитетот што го има во клубот. Сите би го посакале Меси од својата страна, па и јас“, изјави Роналд Куман на промоцијата.

Холанѓанецот доаѓа на клупата на Барселона откако каталонскиот клуб му даде отказ на Кике Сетиен.

Се вчитува...