Куман: Овде сум за да победувам, а не за да го направам Гризман среќен

Роналд Куман не го криеше задоволството по одличната игра на Барселона и заслужената победа од 0-2 на гостувањето против Севилја. Холандскиот стратег ја промени формацијата во 3-5-2, што се покажа како вистински потег, успевајќи да ја контролира играта на средината на теренот, но и да го искористи брзоногиот Дембеле во фазата на нападот.

Куман реши да го остави Антоан Гризман на клупата, не внесувајќи го Французинот во игра ниту во самиот финиш, кога како резерва на теренот влезе Бреитвајт.

„Јас не сум тука за да го направам Гризман среќен, туку за да победувам. Го сторивме токму тоа против Севилја, одигравме одличен меч и заслужено победивме. Мојот избор на тимот не беше никаква одмазда кон Гризман, едноставно бев свесен за слабостите на противникот и сакав да ја искористам брзината на Дембеле, која се покажа како клучен фактор при првиот гол“, истакна Куман.

Се вчитува...