Куман: Пеналот беше чист како солза, а сега треба да молчиме и да прифатиме…

Роналд Куман беше бесен на главниот судија поради недосудениот пенал за стартот на Менди врз Бреитвајт, одлука што директно влијаеше врз конечниот исход на големото дерби и поразот на Барселона од 2-1.

Барса пропушти шанса да се искачи на врвот на табелата, па каталонскиот гигант сега заостанува еден бод зад водечките Реал и Атлетико (тимот на Симеоне има и меч помалку од избраниците на Куман).

„Судиите се тие кои треба да ги прифатат одлуките на ВАР-помошниците. Пеналот беше чист како солза. Навистина чист. А сега ние сме тие што треба да молчиме и да ја прифатиме судиската одлука. Сите видовте, нели беше пенал. Не разбирам зошто се користи ВАР во Шпанија кога судијата не сака да погледне повторно ако ВАР-помошникот го повика да стори такво нешто“, прокоментира Куман и ја напушти прес-конференцијата.

Се вчитува...