Куман повторно облеан во крв – Прекината прес-конференцијата на Барса

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, не можеше да ја одржи целата најавена прес-конференција пред првенствениот натпревар со Севилја, кој ќе се одигра утре во 16:15 часот на „Санчез Пизхуан“. За потсетување, Куман имаше крварење од носот по втор пат во последните неколку недели, поради што разговорот со новинарите мораше да биде прекинат.

Ваквиот настан ги загржи присутните, а Куман беше принуден да ја напушти салата и да замине на медицински преглед.

Новинарот на „ЕСПН“, Самуел Марсден, ја објави оваа информација на својот профил на Твитер со пораката – „Се надевам дека ќе биде добар“.

 

 

Се вчитува...