Куман: Пресреќен сум што добив поддршка од Лапорта, сега можам да бидам смирен (ФОТО)

Тренерот на Барселона, Роналд Куман ја доби довербата од претседателот на клубот Жоан Лапорта и тој ќе остане на клупата на каталонскиот гигант до јуни следната година.

Овој 58-годишен стратег е пресреќен поради тоа што доби нова шанса во Барселона и поради тоа испрати порака преку социјалните мрежи.

„Мило ми е што можам да кажам дека моите играчи и стручен штаб сега може да се фокусираат на новата сезона. Претходните недели беа многу тешки, но мило ми е што претседателот даде поддршка и сега сум смирен. Сите во клубот се фокусирани на изградба на победнички тим и освојување трофеи“, напиша Куман.

Куман ја предводеше Барселона на 54 меча минатата сезона, а славеше во 34 од нив, додека девет пати одигра реми, а 11 пати беше поразен.

 

 

 

Се вчитува...