Куман: Реал е тим што знае како се играат големи натпревари

Погледите на фудбалската јавност денеска се насочени кон Мадрид, каде Реал и Барселона ќе ги одмерат силите во ново „Ел Класико“. Ако до пред извесно време се чинеше дека Атлетико лесно ќе стигне до титулата, ситуацијата се промени, па тимот на Диего Симеоне сега има само еден бод повеќе од Барселона, додека Реал е на само два бода заостанување зад каталонците.

Барса се наоѓа во фантастична серија од 19 меча без пораз во Ла Лига, но и Реал влезе во топ-форма кога беше најважно, на серијата добри игри во Шпанија надоврзувајќи се со одлични настапи во Лигата на Шампионите.

Роналд Куман со огромен репект гледа на денешниот противник и очекува рововска битка на теренот на стадионот „Алфредо ди Стфано“.

„Имаме многу повеќе самодоверба по добрите резултати во последно време. Сепак, истото се однесува и за Реал, кој напредуваше во играта, фати ритам… Јас не се согласував со луѓето кои го критикуваа Реал Мадрид пред неколку месеци, секогаш велев дека е тоа извонреден тим, тим што знае како се играат големи натпревари. Знаеме дека ќе биде многу тешко, но верувам дека можеме да стигнеме до победата“, изјави Куман.

Се вчитува...