Куман: Тешко е да се објасни…

Тренерот на Барселона, Роналд Куман не можеше да објасни што се случи со неговата екипа во второто полувреме на мечот против Леванте. Каталонците успеаја најпрво да прокоцкаат предност од 0-2, а потоа и од 2-3 и на крајот да одиграат само реми против тимот од Валенсија.

„Тешко е да се објасни. Во првото полувреме бевме добри, но во второто го изгубивме интензитетот. Не бевме доволно сконцентрирани во клучните моменти. Не е нормално да примиме три гола во 45 минути“, изјави Куман. 

Барселона со натпревар повеќе е на второто место во Ла лига со бод помалку од лидерот Атлетико Мадрид кој денеска игра против Реал Сосиедад.

Се вчитува...