Куманово ги смени центрите: Искусен Србин на местото на Сешн

Куманово загуби две пресметки со МЗТ Скопје на стартот од сезонава, потоа следеше победата над Штип, но стручниот штаб на чело со Марин Докузовски воопшто не беше задоволен од изданијата на Џордан Сешн.

Американскиот центар не го прикажуваше она што се очекуваше од него, па кумановци уште во раната фаза од сезоната се решија за рокада на центарската позиција и донесоа нов висок кошаркар во тимот.

Станува збор за искусниот Стефан Фундиќ, 32-годишен српски кошаркар кој игра на позициите центар и крилен центар. Тој ќе пристигне од редовите на АБА-лигашот Борац Чачак, а во кариерата има настапувано и за Задар, Игокеа, Вршац, како и во германскиот Гисен.

Се вчитува...