Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Шангај, победувајќи го Стефанос Циципас.
Медведев, петтиот играч во светот, беше подобар по два сета и нешто помалку од час и половина борба со 6-4, и 7-5.
Му се одмазди на Гркот за поразот во Доха претходно оваа година и го подобри резултатот на 11-5 во меѓусебните натпревари.
Негов ривал во четвртфиналето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Томи Пол и Зизу Бергс.
Досега, познатите четвртфинални двојки се Зверев – Де Минор, Геа – Давидович-Фокина и Ходар – Руд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
