Куманово го изненади МЗТ Скопје

Кошаркарите на Куманово стигнаа до изненадувачка победа на гостувањето кај МЗТ Скопје од 76-83. Домаќините беа подобар противник во првиот дел и на пауза заминаа со предност од 39-32.

Сепак, гостите во вторите дваесет минути одиграа неверојатно и на крајот успеаја да направат целосен пресврт и да дојдат до победа од 76-83.

Отис Ливингстон со 20 поени и 11 асистенции беше прво име во таборот на победникот, а кај поразените Дамјан Стојановски заврши со 16.

Се вчитува...