Куманово го посрамоти Работнички

Најтрофејниот кошаркарски колектив во Макеоднија, Работнички доживеа срам на гостувањето кај Куманово каде загуби со убедливи 95-70. „Центарци“ беа подобар противник само во првата четвртина која ја добија со минимални 24-25, а потоа следуваше вистински потоп.

Куманово одигра неверојатно и на крајот стигна до триумф од плус 25 (95-70).

Отис Ливингстон со 20 поени, надополнети со девет асистенции беше прво име во победничкиот табор, а одличен беше и репрезентативецот Дамјан Робев кој заврши со 12 поени, 10 скока и 5 асистенции. Кај поразените Ерик Питс заврши со 17 поени.

 

Се вчитува...