Куманово и Андрејевиќ повторно заедно (ФОТО)

Александар Андрејевиќ повторно ќе го штити кошот на Куманово откако денеска српскиот интернационалец и македонскиот прволигаш ја официјализираа соработката која ќе трае до крајот на сезоната. 30-годишникот и претходната сезона беше дел од „сино-белите“, но по малиот престој во шпанската Хуеска се врати во македонското првенство.

Двестаидванаесет сантиметри високиот центар претходната сезона беше еден од клучните играчи на Куманово со просек од 12.4 поени и 7.7 скока по натпревар, па со неговото враќање во „сино-белиот“ дрес се очекува тимот предводен од Владимир Мирковски повторно да добие стабилност под обрачите, сегмент од играта кој беше проблем по заминувањето на Каплановиќ.

Се вчитува...