Куманово се мачеше, но успеа да слави против „фенерџијата“ Црн Дрим

Кошаркарите на Куманово дојдоа до 11-та победа во Првата македонска кошаркарска лига, славејќи потешко од очекувањата против „фенерџијата“ Црн Дрим со 81-83.

Домашните одлично го почнаа мечот добивајќи ја првата четвртина, но втората целосно им припадна на кумановци кои ја добија со 15-26.

Сепак, во второто полувреме кошаркарите на Црн Дрим успеаја да се вратат во игра. Се доближија до гостите, но не успеаја да стигнат до целосен пресврт.

Џекиќ со 20 поени и 11 скока беше најдобар кај Куманово, а со 15 поени заврши Марковски. Кај домашните не помогнаа ниту 26 поени на Пантиќ и Соколовиќ со 20 поени.

Се вчитува...