Куманово се пласира во финалето на БИБЛ

Кошаркарите на Куманово се пласираа во финалето на БИБЛ, откако во драматичен натпревар на домашен терен го совладаа Пеќ со 86-80, надоместувајќи ја негативата од четири поени (79-83) по првиот натпревар одигран на Косово. Во финалето ќе го одмери силите со бугарскиот тим Берое.

Пеќ беше подобар на стартот и првата четвртина ја доби со 18-25, а и на полувреме замина со седум поени предност (37-44). Во третиот период кумановци намалија од негативата, а експлодираа во последната четвртина, која ја добија со десет поени разлика (25-15).

На четири минути пред крајот, кумановци го имаа посакуваниот резултат, водеа со 75-70. Сепак, Пеќ стигна до 80-80, а почна да се игра последната минута. Но, кумановци и тогаш не се предадоа. Караџовски уфрли две слободни фрлања, потоа Пековиќ реализираше, аво самата завршница погоди и Живановиќ за триумф од 86-80 и пласман во финалето на БИБЛ.

Марјан Јаневски со 21 поени и Јонел Браун со 20 поени беа најефикасни кошаркари во таборот на Куманово. Слободан Миљаниќ постигна 21 поени во составот на Пеќ.

Се вчитува...