Ракометарите на Куманово славеа со 25-27 на гостувањето против Пролет во рамките од последното коло од плејаут натпреварувањето. Дуелот беше максимално израмнет и неизвесен, но гостите подобро се снајдоа во самата завршница и стигнаа до посакуваниот триумф.
Пролет беше подобар ривал во првото полувреме и на одмор замина со предност од 12-9. Домаќините имаа контрола само до 13-11, по што кумановци со четири гола во низа го свртеа резултатот во своја полза. Пролет возврати и до крајот се играше максимално израмнето.
Домаќините имаа 24-23, но потоа Ончев донесе пресврт, а при 24-25 Пролет не ис користи и пенал. На 25-26 домашниот тим имаше напад за израмнување, но ја загуби топката, по што Радван стрелаше во празна мрежа за конечните 25-27.
Ончев со девет гола беше главен играч во победничкиот тим, додека најефикасни кај Пролет беа Стојановски со пет и Стоилевски со четири погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
