Куманово слави заслужен трофеј (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Куманово чекаше и дочека трофеј, радувајќи се вечерва со младите ракометарки на освоениот пехар во Купот на Македонија за жени.

Финалето беше какво што само може да се посака, драматично буквално до последната минута, со хепиенд за кумановки, кои заслужено го кренаа пехарот откако вчера славеа над Металург, а денеска беа подобри и од „вардарки“.

Од индивидуалните награди, Симона Грујовска од Вардар беше заслужено прогласена за најдобар голман на Ф4 турнирот, признанието за најдобар стрелец го освои Ана Шарановиќ од ЖРК Куманово, додека за МВП на завршниот турнир беше избрана Мила Трајковиќ, исто така од ЖРК Куманово.

Се вчитува...