Куманово со фуриозна игра во последната четвртина го зеде скалпот на Гостивар, триумфирајќи со 81-73 и нанесувајќи им го на гостиварци првиот пораз во оваа 2021 година. Откако забележаа победи во претходните пет овогодишни натпревари, избраниците на Србиновски предводени од Фрајдеј и од Димчевски одиграа фуриозна прва четвртина, но предноста од 16-29 во овие десет минути сепак се покажа недоволна за гостите да се радуваат на триумф на крајот од овој драматичен натпревар.
Кумановци покажаа извонреден карактер, враќајќи се уште во втората четвртина што домашните кошаркари ја добија со убедливи 23-8. Третиот период мина во израмнета игра, но потоа клучна беше последната четвртина што Куманово ја почна со неверојатна серија од 19-0. Обезбедената предност од 77-64 беше доволна за домашните кошаркари рутински да го приведат мечот до крај и конечните , за трета победа во низа за Куманово, многу значајна во трката за место во Супер-лигата.
Ливингстон со 27 поени беше најзаслужен за овој триумф на Куманово, Андрејевиќ постигна 15 поени и 9 скокови, додека Марковски реализираше 13 поени. Кај Гостивар најефикасни при вечерашниот пораз беа Фрајдеј со 26 и Костоски со 14 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА