Кумановци му го нанесоа вториот пораз на Фени

Кошаркарите на Куманово славеа во пресметката против Фени индустри со 64-60, нанесувајќи му го вториот пораз на тимот од Кавадарци во Првата лига. Во возбудлив и до крајот неизвесен меч, на крајот кумановци имаа повеќе сила и подобри нерви, и стигнаа до заслужена победа.

Куманово ја доби првата четвртина со 17-13, но Фени возврати со полна мера во вториот период (15-21) и на полувреме замина со два поени позитива (32-34). Неизвесноста беше присутна во текот на целиот меч, па со идентична мини-предност кавадарчани влегоа и во последните десет минути.

На три минути пред крајот, домашниот тим на Куманово обезбеди водство од 59-54, но Бобан Стајиќ со четири поени едноподруго внесе уште поголема неизвесност. Караџовски постигна тројка за Куманово, а на,мали Чешковиќ.

На 15 секунди пред крајот, Јанески постигна многу важни поени за водство на Куманово од 64-60, а Фени не успеа да се врати во игра за продолжение.

Џонел Браун со 15 поени и Марјан Јанески со 13 поени го предводеа Куманово до триумфот. Кај Фени индустри, Бобан Стајиќ беше најефикасен кошаркар со 12 постигнати поени.

Се вчитува...