Кумановци му се реваншираа на ФМП

Куманово стигна до огромна победа од  во дуелот против Академија ФМП, пресметка на два тима кои го крајот на вториот круг ќе се борат за влез во Супер-лигата. Тимот од Кисела Вода во првиот дел од сезоната играше далеку подобро, успеа да го совлада и Куманово, но падот во формата на избраниците на тренерот Петровиќ беше очигледен при уште еден тесно загубен натпревар во самата завршница, четврти пораз во низа за ФМП.

Дуелот беше апсолутно израмнет во првите три четвртини, првата заврши 22-22, втората 13-13, а третата 19-19, за победникот да биде решен во последните десет минути. На четири минути до крајот резултатот беше израмнет на 59-59, за Робев и Џекиќ да успеат да го одлепат Куманово токму во клучните моменти од мечот, за втор триумф во низа на „сино-белите“.

Џекиќ со 24 и Робев со 18 поени беа најефикасни во редовите на Куманово, додека Крстајиќ со 19 и Атанасов со 18 поени беа единствените со двоцифрен ефект кај ФМП.

Се вчитува...