Кумановци поразени од Академик бултекс во БИБЛ

Кошаркарите на Куманово го претрпеа вториот пораз во БИБЛ оваа сезона, откако на домашен терен, по продолжение, загубија од бугарскиот тим Академик бултекс со 86-90. Во драматична завршница, кумановци успеаја да се изборат за продолжение со поените на Караџовски (79-79) иако губеа во поголемиот дел од регуларниот тек од натпреварот. Во дополнителните пет минути исто така беше неизвесно.

Но, Академик имаше повеќе сили и поголема концентрација и дополнителниот период го доби со 7-11.

Димитар Караџовски со 23 поени беше најефикасен во составот на Куманово, а Јаневски уфрли 18. Кај гостите, најрасположен за игра беше Мартин Дурчев со 28 поени.

Се вчитува...