Кумановци се активираа, три потписи во еден ден

Куманово се активираше за ангажман на нови кошаркари, па денеска беа потпишани договори со три засилувања за тимот на тренерот Александар Петровиќ.

Како што веќе најавивме, Марјан Јанески се враќа назад во Куманово по кратката авантура во Работнички, а заедно со него дресот на „сино-белите“ ќе го носат и Горјан Марковски и Оливер Двојаковски. Марковски доаѓа во Куманово од редовите на Фени индустри, додека Двојаковскиа минатата сезона го носеше дресот на Охрид. Воедно, кумановци се наоѓаат пред потпис и со центарот Давид Миладиновиќ.

Од староседелците во клубот остануваат Лука Петровски, Миодраг Тодоровиќ, Филип Стојановски, Дамјан Миса и Мартин Ѓорѓевски. Тимот ке се стави на располагање на тренерот Александар Петровиќ на 21. август, со што официјално ке започнат подготовките за престојната сезона.

Се вчитува...