Кунде не оди во Тотенхем – тој клуб не е чекор напред во кариерата

Жил Кунде експресно ја затвори вратата за трансфер во Тотенхем, откако францускиот интернационалец јасно стави до знаење дека не е заинтересиран за преселба во таборот на „спарси“.

Тој се наоѓа на листата со желби на неколку клубови ширум Европа, но Тотенхем е првиот што постигна договор со Севилја, нудејќи 30 милиони фунти плус Давинсон Санчез. Сепак, преговорите пропаднаа откако Кунде децидно порачал дека нема намера да се пресели во лондонскиот премиерлигаш.

„Ставот на Кунде е јасен – Тотенхем не е опција. Тој не гледа на Тотенхем како на клуб во кој би направил чекор напред во кариерата, затоа без размислување ја одби понудата. Ако Кунде си замине од Севилја, тоа ќе биде во тим што се натпреварува во ЛШ“, изјави агентот на Французинот.

Се вчитува...