„Кунг-фу“ старт врз Рафиња, директен црвен за дефанзивецот на Ним (ВИДЕО)

Францускиот шампион Пари Сен Жермен има предност од 0-1 во првото полувреме против Ним во седмото коло од француската Лига 1. Стрелец на голот на „светците“ беше неверојатниот Килијан Мбапе. Сепак, досега натпреварот го одбележа невнимателниот потег на дефанзивецот на домаќините Лоик Ландре кој во 12. минута заработи директен црвен картон поради „кунг фу“ стартот врз Рафиња.

 

Се вчитува...