КУП 1/16 ФИНАЛЕ: Шкупи гостува кај Беласица, Пелистер по одмазда против Гостивар

Денеска се играат натпреварите од 1/16 финалето на Купот на Македонија, и веднаш на стартот има неколку интересни натпревари. Речиси често во оваа фаза некој фаворит се „лизга“ и испаѓа, па можно е така да биде и денеска.

Најинтересен натпревар според прикажаното досега треба да биде дуелот Гостивар – Пелистер. Двата тима се второлигаши, но имаат големи прволигашки амбиции. Натпреварот се игра во Голема Речица. Интересно е што изминатиот викенд овие две екипи се сретнаа во првенствен натпревар во Битола, и истиот го доби екипата на Гостивар со 1-3, а сега „пелистерци“ ќе имаат шанса за одмазда.

Шампионот Шкупи гостува во Струмица кај Беласица и важи за голем фаворит. Академија Пандев не би требало да има големи проблеми во дуелот со Тетекс, меч кој се игра на спортскиот центар „Пандев“. Вардар има незгодно гостување во Македонска Каменица кај Саса, а лидерот Струга ТЛ за пласман во следната фаза ќе се бори против Вардар во Неготино. Брегалница гостува во Виница на Слова, а Тиквеш во Гевгелија кај Кожуф. Победа игра со Карбинци, Борец со Фортуна, Работнички гостува во Петровец на Коњаре по тренерската смена на Љупчо Марковски. Шкендија оди во Струга на дуел со Караорман.

Во 1/8 финалето пласман обезбедија Воска Спорт, Скопје и Љуботен, кои службено ги добија дуелите со Зајас, Црно Буки и Ренова. Во следната фаза пласман обезбедија и екипите на Силекс и Македонија ЃП како минатогодишни финалисти.

КУП, 1/16 ФИНАЛЕ (денеска, 15:00 ч.)

Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКУПИ
с. Голема Речица: ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР
Струмица: ТЕТЕКС – АК. ПАНДЕВ
Виница: СЛОГА В. – БРЕГАЛНИЦА
Македонска Каменица: К.САСА – ВАРДАР
Гевгелија: КОЖУФ – ТИКВЕШ
Неготино: ВАРДАР Н. – СТРУГА ТЛ
Карбинци: КАРБИНЦИ – ПОБЕДА
Скопје: ФОРТУНА – БОРЕЦ
с. Петровец: КОЊАРЕ – РАБОТНИЧКИ
Струга: КАРАОРМАН – ШКЕНДИЈА
ЗАЈАС – ВОСКА СПОРТ 0-3 службено
ЦРНО БУКИ – СКОПЈЕ 0-3 службено
ЉУБОТЕН – РЕНОВА 3-0 службено
* МАКЕДОНИЈА ЃП И СИЛЕКС како минатосезонски финалисти одат директно во 1/8 финале

Се вчитува...