Куп: Атлетик Билбао и со двајца играчи помалку ја совлада Барса

Атлетик Билбао оствари триумф од 2-1 над Барселона во првиот осминафинален натпревар од Купот на Шпанија и со предност ќе патува на реваншот на „Камп Ноу“. Баскискиот тим славеше и покрај тоа што завршницата од мечот ја одигра со двајца фудбалери помалку во поле, откако беа исклучени Раул Гарсија и Итураспе.Адуриз го отвори резултатот во 25.минута, а три минути подоцна Инаки Вилијамс со прекрасен удар зголеми на 2-0 во корист на домаќинот. Лионел Меси од слободен удар намали на 2-1, во 52.минута.Athletic Bilbao vs Barcelona 2-1 All Goals and… by sharmanher

Се вчитува...