Куп: Бадел ја потврди фаворитската улога – преку Струга до финале

Бадел 1862 е првиот финалист во женската конкуренција на Купот Благоја Георгиевски – Буштур откако во полуфиналето славеше против Струга 2009 со 80-44. Бадел фаворитската улога ја потврди уште од самиот старт на мечот, рано стигна до комотна предност и истата не ја испушти до самиот крај.

Натпреварот беше изедначен само во воведните минути по што Бадел ги зема работите во свои раце и веќе по помалку од седум минути игра стигна до првата двоцифрена предност (17-7) која беше задржана и по првата четвртина (23-12). Скопскиот состав продолжи во ист ритам и до крајот на првото полувреме до кое преку подобрата игра на двата дела од теренот ја зголеми предноста на 43-21. Избраничките на Стамески сите дилеми за победник на денешниот меч ги решија во третата четвртина која ја добија со 21-9 за дополнително зголемување на предноста и рутински десет минути.

Стојановска беше лидер на Бадел со 14 поени и 5 асистенции, додека неа ја следеа Димова, Трајчевска и Мети со по 12 поени. Двоцифрена беше и Димитријевиќ со 11 поени и 6 асистенции. Модева беше предводничка на стружани со 10 поени и 7 скока.

Се вчитува...