Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“: Историски трофеј за МЗТ Скопје

МЗТ Скопје стигна до првиот трофеј во својата историја откако во финалето на женското издание на Купот „Благоја Георгиевски – Буштир“ славеше против Баскет Кам со 60-75. „Сино-белите“ на Красниќ беа подобриот противник уште од самиот старт на мечот, а рано стекнатата двоцифрена предност ја задржаа до самиот крај.

Отварањето на натпреварот беше во знакот на кошаркарките во „сино-бело“ кои го наполнија рекетот на Баскет КАМ, ги искористија и поените од транзиција па по 10. минути игра поведа со двоцифрена предност од 8-21. Реализацијата продолжи да биде проблем за составот од Македонска Каменица, а тоа знаеја да го искористат аеродромки за најубедливата предност од 8-26. До крајот на првото полувреме избраничките на Гоцевски успеаја да влезат во ритам за три поени, но не и да ја намалат двоцифрената предност на МЗТ Скопје за 26-38.

МЗТ Скопје продолжи да го диктира темпото на натпреварот и на отварањето на второто полувреме. Митрева, Симонс и Ле ги одбиваа налетите на кошаркарките на Баскет Кам кои и покрај тоа што во еден момент стигнаа до едноцифрена негатива (41-49) преку Адамовска и Николов не успеаја да ја вратат неизвеноста. „Сино-белите“ ја завршија четвртината со серија од 9-0 за +17 (41-58). Серијата на МЗТ Скопје продожи и во последната четвртина за највисоките +21 (41-62), а и покрај тоа што Баскет Кам успеа да ја намали високата негатива, не успеа да го загрози водството на аеродромки.

Со 27, односно 23 поени Американките Ли и Симонс беа лидерки на МЗТ Скопје, а нив ги следеше Митрева со 13 поени. Николов постигна 23 поени за Баскет Кам, а Тасевска додаде 15.

Се вчитува...