Куп „Благоја Георгиевски Буштур“ – три дена, осум клуба, еден трофеј

По едногодишна пауза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, Купот на Македонија кој од оваа година ќе го носи името на кошаркарскиот великан, Благоја Георгиевски Буштур се враќа во етерот. Се е подготвено за три дневен спектакл на „Кале“ каде Пелситер, Работнички, Еуро Никел, МЗТ Скопје, Куманово, Гостивар, ТФТ и Академија ФМП ќе се обидат да го кренат престижниот трофеј, нешто што досега им успевало на осум екипи.

Бранителот на трофејот е Работнички кој во 2019 година го совлада составот на Блокотехна во Гевгелија, трофеј кој за „црвено-белите“ беше десетти во Куп натпреварувањето, а оваа бројка на „Кале“ ќе ја брка и МЗТ Скопје кој заостанува еден трофеј зад вечниот ривал. Покрај овие два тима, во два наврата Купот завршуваше во рацете на Фени Индустри и Гостивар, додека по еднаш за Вардар, Кочани Деликатес, Карпош Соколи и Амак СП.

Денешната богата програма од четвртфиналето започнува од 12 часот со мечот помеѓу Пелситер и Академија ФМП, а истата ќе заврши по „сино-белиот“ натпревар помеѓу МЗТ Скопје и Куманово кој е закажан за 19 часот и 30 минути.

Четвртфиналните двојки се следните:

Пелистер – Академија ФМП (12:00)

Работнички – ТФТ (14:30)

Еуро Никел – Гостивсар (17:00)

МЗТ Скопје – Куманово (19:30)

Она што го краси Купот е тоа што во него нема фаворити, имате само еден натпревар од 40. минути на кој воопшто нема калкулации и морате да дадете се од себе. Проблемот во ова се јавува и во тоа што за помалку од 24 часа имате и нов дуел, а во овој поглед блага предност има клубот со најдолга клупа.

Тридневниот спектакл на „Кале“ покрај тоа што ќе ги пружи интересни битки ќе ни даде и вовед во она што следи, а тоа е разигрувањето за титула каде овие четири пара повторно ќе ги си одмерат силите. Сите натпревари од Купот „Благоја Георгиевски Буштур“ ќе можете да ги проследите на МРТ3.

Се вчитува...