Куп финале: ТФТ и МЗТ во битка за историја, Бадел и Баскет КАМ повторно во битка за трофеј

Богатата програма во Купот на Македонија кој од претходната година го носи називот Благоја Георгиевски – Буштур во чест на легендата на македонската кошарка ќе биде комплетиран денеска со два финални натпревари во кои силите ќе си ги одмреат Бадел 1862 и Баскет КАМ, односно ТФТ и МЗТ Скопје.

Финалето во женската конкуренција е со почеток од 17 часот, а во репризата од минатогодишната битка Баскет КАМ ќе се обиде да го одбрани трофејот. Двата меѓусебни дуели оваа сезона му припаднаа на тимот од Скопје, но Купот е такво натпреварување во кое желбата за освојување на трофеј е пресудна за крајниот исход.

Oд 19 часот и 30 минути пак ќе бидеме сведоци на историја без разлика на освојувачот на трофејот. Доколку тоа биде ТФТ тоа ќе биде прв трофеј во клупската историја, а доколку истиот му припадне на МЗТ Скопје тој ќе биде единаесеттиот во витрините на „сино-белите“, но истиот ќе значи и престигнување на Работнички на вечната листа.

Се вчитува...