Куп: Металург го избегна Вардар во полуфиналето

Актуелниот освојувач на ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција, Вардар, во полуфиналниот дуел од Ф4 турнирот кој ќе се одржи во Битола (18-19 мај) ќе се сретне со Пелистер. Во вториот полуфинален дуел силите ќе ги одмерат Еурофарм и Металург. Ова се двојките кои беа извлечени денеска во просториите на РФМ.

Турнирот во женска конкуренција ќе биде организиран во Скопје (19-20 мај), а исто така во полуфиналето ќе се сретнат Вардар и Пелистер. Втората полуфинална двојка е Металург – Вардар јуниор.

Се вчитува...